Ристовски: Ако имало неправилно бодување оценката ќе се коригира

Од:

Доколку со определен приговор на екстерното оценување се констатира дека има неправилно или нецелосно бодување соодветно на решениот тест од страна на ученикот односно ако теоретски на определен ученик му биле објавени резултати за тројка и имал извесен број бодови, а при увидот се констатира дека има повеќе бодови и има основ за повисока оценка, таа веднаш ќе му се впише, истакна денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој посочи дека доколку кај некој ученик се констатира втората категорија приговори односно дека постои некаков пропуст кој се случил во делот на функционирањето на софтверот на самиот компјутер на ученикот, на интернетот во училиштето и слично, во тој случај нема да му се земе предвид оценката која била првично генерирана туку ќе му се даде повторна шанса да полага во август. Ученикот ќе го полага истиот предмет.

– Во текот на следните денови се излеземе со вкупните резултати и со просекот на секоја генерација и по однос на предметите. Мислам дека се поставивме многу транспарентно во однос на целиот процес и нема ништо во тој дел да се промени. Во текот на наредните денови ќе излеземе со јавни податоци за тоа колку бил просекот, каква била просечната оценка по соодветен предмет за соодветни одделенија, додаде Ристовски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска