(ВИДЕО) Тренчевска: Недела, ќе биде ден за неделен одмор

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните, ги реализира мерките и политиките што обезбедуваат подобри услови за работа на работниците.

Владата го усвои предлог Законот за работнитe односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври оваа година. Сега тој треба да влезе во собраниска процедура“, рече Јована Тренчевска, членка на Извршен одбор на СДСМ.

„Измените на Законот кои се изработени со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, предвидуваат недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.

Но, овие работници за својата работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница, а дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Според направените анализи, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92 отсто од работниците во државата.

Истовремено, со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи се работи за дејност која не може да се прекине.

Спроведување на Законот ќе биде под контрола на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочен платен налог.

Работниците се двигател на секоја економија. Како социјалдемократска партија постојано сме посветени на унапредување на работничките права и условите за работа на работниците.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат придобивки за граѓаните, за економијата, за државата“, изјави Јована Тренчевска, членка на Извршен одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он

Министерството за економија достави до Собранието предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

Ана Ололовска