Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

Од:

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев повтори дека неговата партија е фаворит на локалните избори, затоа што граѓаните и јавноста, како што наведе на Фејсбук, знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ.

-Заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Сѐ што тие ќе побараат ќе биде нотирано и анализирано, а проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма, а понатаму од Програмата за работа на општината. Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина и на централно и на локално ниво. Без разлика на кандидатот или кандидатката за градоначалничка функција, даваме збор дека мерките и програмите ќе бидат реализирани. Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ, напиша Заев на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот