Нетанјаху оди во опозиција, по цели 12 години израелската влада ќе се прави без него

Од:

Осум израелски партии потпишаа денеска коалициски договор, со што се овозможува формирање нова влада, која за првпат по 12 години, нема да ја предводи Бенјамин Нетанјаху.

Владата треба да положи заклетва в недела во Кнесетот, каде е договорено да добие поддршка од потребниот 61 пратеник.

Новата влада најавува ков курс насочен кон заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност.

Новата владејачка коалиција, која има тесно мнозинство во Парламентот, се состои од осум партии, вклучувајќи дури и една арапска партија, првпат во историјата на Израел.

Единственото нешто за кое овие партии стопроцентно се согласуваат е дека Нетанјаху, кој е обвинет за корупција, мора веднаш да замине, како и околу тоа дека земјата не може да си дозволи нови избори.

Според договорот, во првите две години премиер ќе биде Нафтали Бенет, а потоа на чело на владата ќе дојде Јаир Лапид, кој му припаѓа на политичкиот центар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа