Во судскиот процес „Монструм“ сослушани бербер и земјоделец

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ во кој за тероризам и помагање тероризам обвинети се шест лица.

Одбраната на обвинетиот Фејзи Азири, како сведок предложи земјоделец кој садел лубеници на нивата на Азири, која се наоѓа на стотина метри од Смилковското езеро. Тој рече дека критичниот ден од нивата си заминал околу 19 часот и 30 минути и оти не слушнал пукање, ниту видел некој од обвинетите.

Сведочеше и берберот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ кој рече Исмаиловиќ никогаш немал долга брада.

Судскиот процес за „Монструм“ треба да продолжи утре. На првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во отсуство. Тие се во затворот во Приштина, Косово, каде чекаат судска постапка за недозволено поседување оружје.

На 12-ти април, на велики четврток, минатата година на свиреп начин и без причина беа убиени кај Смилковското езеро Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски