ВИДЕО: Албански камионџија фатен со марихуана вредна 200 илјади евра, се обидел да ги подмити полицајците

Од:

Дрога вредна околу 200 илјади евра била запленета ноќеска еден час по полноќ на регионалниот пат Прилеп-Градско. Приведено е едно лице, државјанин на Албанија кој бил возач на камионот во кој е пронајдена дрогата. од МВР информираат дека се пронајдени 5о килограми марихуана. Крајна дестинација на дрогата била Грција.

Возачот на камионот се обидел да ги подмити полицајциите и им понудил пари да за не прават контрола на возилото велат од МВР.

-Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р.Албанија. При контролата, од страна на албанскиот државјанин на полициските службеници им биле понудени пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. Од страна на полициските службеници извршена е контрола, при што во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници