Владата донесе одлука, во државните институции и јавните претпријатија и установи, од утре работното време да започнува од 07.00, а да завршува во 15.00 часот.
Ваквото работно време е донесено поради високите температури и високиот УВ степен на зрачење, и ќе трае наредните седум дена.
Утре Скопскиот, Охридскиот, Струмичкиот и Пелагонискиот регион ќе бидат зафатени со портокалова фаза од топлотниот бран.
Владата препорачува одлуката да се применува и во приватниот сектор.