Анкета: Нова демократија пред Сириза по реконструкцијата на грчката Влада

Од:

Владејачката партија во Грција Нова Демократија води со 1,2 отсто пред левичарската опозиција Сириза, покажува најново испитување на јавното мислење чии резултати се објавени денеска.

Според анкетата, која била спроведена по реконструкцијата на Владата во понеделникот, конзервативците на премиерот Андонис Самарас имаат 22 проценти, додека Сириза 20,8 проценти поддршка од граѓаните.

Неофашистичката Златна зора има поддршка од 9,1 процент од граѓаните, по неа е ПАСОК со 6,1, Независни Грци со 5,5, и Комунистичката партија (ККЕ) со 5,1 проценти. За Демократската левица (ДИМАР), која неодамна се повлече од коалициска Влада на Грција, се само три проценти од испитаниците, што е на прагот за влез во Парламентот.

Социјалистичката партија на Фотис Кувелис вчера се обиде да ја разјасни својата позиција за постоечката и претстојната легислатива, велејќи дека партијата ќе ги поддржи владините закони со кои се сложува и ќе биде против оние за кои смета дека ќе и наштетат на државата.

Би можело да ве интересира

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи