Мас: ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана

Од:

ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.

– Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел. Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на Европската унија, рече Мас на онлајн средба со неговите колеги од земјите од Западниот Балкан.

Мас притоа, како што јави Дојче Веле, побара од земјите во регионот да го зајакнат владеењето на правото, да ја засилат борбата против корупцијата и организираниот криминал, да ја заштитат слободата на медиумите и да создадат простор во кој ќе може да се развива демократијата, со што ќе се привлечат повеќе странски инвестиции, ќе создадат услови за перспектива за младите луѓе и ќе запре иселувањето на квалификувани кадри од регионот.

– Но, од друга страна, и ЕУ мора да си ги исполни ветувањата, рече Мас наведувајќи ги Северна Македонија и Албанија како примери за тие неисполнети ветувања.

Тој потенцира дека Северна Македонија и Албанија остварија постојан напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал и корупција, а со Договорот од Преспа, Скопје и Атина „демонстрираа историско политичко лидерство“.

Шефот на германската дипломатија побара веднаш да започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија и притоа изрази благодарност до португалското претседателство со ЕУ, кое, како што нагласи, ја држи оваа тема високо на агендата на Унијата.

Мас порача и дека за билатералните спорови не треба да има место на агендата на ЕУ.

– Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување, рече Мас.

На онлајн состанок со своите западнобалкански колеги, кој е дел од подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мас најави и дека по вакцините, Унијата на регионот ќе му достави и дополнителна медицинска и економска помош.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска