ДУИ не губи време со „зелената агенда“: Нуредини и Ганиу заедно на ставање нови цевки во Серава

Од:

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска беше домаќин на министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Средбата се одржа непосредно пред почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа во четири улици од населбата Серава на општина Чаир, информираат од општината.

“Со министерот разговаравме за тековните проекти, но и за оние што очекуваме да ги реализираме заедно со Министерството со кое тој раководи, а кои се многу витални за жителите на Чаир“, вели Ганиу.

Тој истакнува дека го информирал министерот дека во рок од 3-4 месеци само во населбата Серава, каде што живеат над 20 илјади жители, ќе бидат инвестирани околу 1,3 милиони евра за одржување на подземната инфраструктура.

“Исто така го посочив и фактот дека реконструкцијата ќе се реализира во етапи, така што ќе работиме на повеќе патишта, истовремено водејќи сметка да не го попречуваме слободното движење на граѓаните“, додава Ганиу.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот