Лондон и Вашингтон тврдат дека во Сирија имало десет случаи на употреба на хемиско оружје

Од:

САД и Велика Британија им доставија на експертите на Обединетите нации детали за десет случаи, во кои се претпоставува дека сирискиот режим користел хемиско оружје, изјави дипломатски претставник.

Западните претставници тврдат дека до сега нема ниту еден доказ дека сириската опозиција употребила хемиско оружје.

Според дипломатите овие случаи се случиле во периодот од декември 2012 до мај оваа година.

Екипа на експерти на ОН, предводена од Швеѓанецот Оке Секстром, чека три месеци одобрение од сириските власти за да спроведе истрага во врска со наводната употереба на хемиско оружје. Оваа истрага кон крајот на април ја побараа Лондон и Париз.

Дамаск од своја страна ја обвини опозицијата дека користи хемиско оружје, откако Белата куќа го обвини сирискиот режим дека употребува гас сарин против бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас