Зафировски: Заев и Филипче да кажат дали праќале луѓе да договараат провизии за изградба на Клинички

Од:

Има се повеќе информации дека блиски луѓе до Зоран Заев и Венко Филипче пред година ипол биле во една европска престолнина, каде се сретнале со претставник на фирма заинтересирана за изградба на Клиничкиот центар и разговарале за провизии, дали е тоа точно? Заев и Филипче да одговорат и да кажат, дали и кого пратиле да разговара за провизии при изградба на Клиничкиот центар за кој сакаат да потрошат половина милијарда евра народни пари? Заев и Филипче да кажат доколку ова е вистина, колку пари се барани и во чии џебови тие требало да завршат рече денеска на прес конференција членот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски.

„Доколку Заев и Филипче сакаат Македонија да добие модерен Клинички центар, тие немаше да го раскинат договорот за градба на Клиничкиот центар Мајка Тереза, кој ќе значеше темелно реновирање на сите постоечките клиники и изградба на нови објекти за само 120 милиони евра, што беа обезбедени од Европска Банка, а имаше и проектна документација. Дополнително ќе го довршеа и Клиничкиот центар во Штип, кој веќе 4 години е карабина“ – рече Зафировски.

Би можело да ве интересира

Велика Британија финансиски ќе ја помогне изградбата на новиот Клинички центар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Николов: Оваа Влада има пари за пенали и за непостоечки функции, ама нема за лекување на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Скен: Тепачка кој да ги троши парите – 13 години чекаме нов клинички и никако да го дочекаме

Анита Петровска Рајковиќ

Министерот Сали за клинички кај касарната „Илинден“: Граѓаните ќе изгубат доколку почнеме процедура за нова локација