Семејствата на жртвите на кинескиот плоштад Тиенанмен се уште бараат правда

Од:

По повеќе од три децении од бруталната акција на кинеските власти врз демонстрантите на плоштадот Тиенанмен, семејствата на жртвите се уште бараат лидерите на земјата да ја признаат вистината за масакрот, јави ДПА.

Роднините на кои им се придружи мрежата „Мајки на Тиенанмен“, денеска на одбележувањето на годишнината од масакрот преку отвореното писмо објавено од организацијата Човекови права во Кина (HRiC) побараа „вистина, компензација и одговорност“ .

„Триесет и две години подоцна, се уште не гледаме официјален обид за отпечатување и откривање на информациите за крвопролевањето, а убиствата од јуни 1989 година остануваат табу за владата“, се наведува во писмото, пренесено од ДПА.

На 4 јуни 1989 година, Кинеската народноослободителна армија го задуши мирниот протест на плоштадот Тиенанмен во Пекинг, оставајќи најмалку неколку стотици мртви.

Стотици илјади луѓе демонстрираа со недели со повик за демократија и слобода, протестирајќи против корупцијата. На плоштадот Тиенанмен студентите штрајкуваа со глад додека борбата за превласт или моќ го парализираше кинеското раководство.

Реформистичкиот лидер на партијата Жао Жијанг беше сочувствителен кон студентите, но на крајот надвалеаја тврдокорниот и цврст лидер Денг Ксијаопинг, кој ги повика трупите да интервенираат.

Точниот број на смртни случаи се уште не е познат, додека илјадници лица беа повредени и приведени.

Јавното чествување на годишнината на настанот во Кина секогаш е забранувано. Денеска единствениот потсетник за овој крвав датум е засилената безбедност околу плоштадот Тиенанмен.

Семејствата бараат дијалог со владата, а како прв чекор сакаат да бидат објавени имињата на мртвите. Кинеското раководство никогаш не одговори на апелите на семејствата, пренесува германската агенција.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија