Заев: За идентитетот, јазикот, корените, историјата – не преговараме, бараме Европа да биде Европа

Од:

„Не чепкаме во други корени и идентитети, не сакаме никој да ги чепка ниту нашите“, вака премиерот Зоран Заев го објасни компромисот со Бугарија, со објаснување дека вратите на историјата треба да се подзатворат и да се гледа сегашноста. Според него, Бугарија треба да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, бидејќи тоа оди во корист на нашата држава.

„Пријателите треба едни со други да имаат разбирање. Јас одам таму и ќе понудам поддршка. Бугарија во 2018 година свика Европски самит за Западен Балкан и го сврте вниманието на земјите членки на ЕУ. Треба да помолиме Бугарија да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија. Ако навистина сме пријатели, јас често кажувам и браќа, браќата меѓу себе си помагаат, подаваат рака, имаат разбирање еден со друг“, рече Заев.

Тој е дециден дека за македонскиот народ, макдонскиот јазик и корените – нема да се преговара. Заев тврди дека тоа го кажал и во Брисел, со барање Европа да биде Европа.

„Кажуваме дека историјата е важна, но треба да ја оставиме на историчарите. Ние треба да ја потпомогнеме. Вратите на историјата треба да ги подзатвориме и да дадеме шанса за иднината, отворајќи ги прозорците на иднината. Бидејќи, ќе се створи промаја, ќе ни ја оддува сегашноста. Тоа е политиката која ја водиме во моментот, со целосна почит на историјата, како појдовна основа, гаранција на сегашноста или иднината. Компромисот е дека секоја страна има на свои ставови и да остави времето, историјата да ги решава. Македонскиот јазик и народ, отидовме и во Брисел и секаде каде што треба, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знаеме како да кажеме. Секое наше чувство е наше право. Не само дали е идентитетот или македонскиот јазик, туку и корењата, историјата. Не чепкаме во други корења и идентитети, не сакаме да ги чепне никој. Ги чуваме сите идентитети? Сакам и нашиот да е сочуван. Бараме Европа да биде Европа, а ние ќе испорачуваме аргументи за да не поддржува“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?