Лапорта: Агуеро е исклучителен играч, Барса ќе се врати на победничкиот пат

Од:

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за потпишување на договорот со напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.

– Потписот на Агуеро се должи на фактот дека тој е исклучителен фудбалер. Игра на многу важна позиција во било која формација, вклучувајќи ја и нашата. Работи многу ефикасно, и ова е важно. Договорот беше потпишан затоа што сакавме да го видиме Кун во тим што ќе биде многу конкурентен. Ние сакаме да го задржиме Меси, и тој го знае тоа. Ова е само прва од серијата што ќе се одржи во текот на еден месец.

Имаме доверба, затоа ќе се вратиме на победничкиот пат. Ние сакаме да им ја вратиме радоста на навивачите на Барселона, изјави Лапорта.

Според претседателот на каталонскиот клуб, Аргентинецот, кој ќе наполни 33 години за еден месец, се согласил на помала плата.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска