„Се работи на ново парламентарно мнозинство“, Мицкоски одново бара предвремени парламентарни избори

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара распуштање на Владата и предвремени парламентарни избори. Смета дека Владата предводена од СДСМ, лошо ја води Македонија. Прашан дали парламентарните избори треба да се одржат заедно со локалните, тој вели: „Ние секојдневно бараме оставка од оваа Влада и создавање на услови за предвремени парламентарни избори – час поскоро“.

„Правно, треба 61 пратеник треба да кренат два прста во Собранието и на тој начин да се распушти Владата и да се закажат нови парламентарни избори. На друг начин не можеме да ги добиеме. А како ќе дојдеме до 61 пратеник, секојдневно работиме на тоа. Кога ќе имаме мнозинство, благовремено ќе информираме“, рече Мицкоски.

Прашан дали е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да обезбеди 61 пратеник за предвремени парламентарни избори, Мицкоски одговори само дека е оптимист дека Владата треба час поскоро да замине.

„Во овој момент не би сакал да откријам детали, бидејќи се работи на тоа ново парламентарно мнозинство. Во моментот кога ќе имаме 61 пратеник, ќе информираме. Дали е опфатен дел од пратеничката група на СДСМ – да, опфатен е“, рече Мицкоски за најавата дека работат на обезбедување на мнозинство, а прашан, кои пратеници се опфатени, додаде: „Па сега, ќе почекате малку“.

Најавите за ново парламентарно мнозинство, Христијан Мицкоски не ги кажува по првпат откако се одржаа изборите на 15 јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби избори. На почетокот на февруари тој кажа дека се крои ново парлемтарно мнозинство. Но и тогаш, тоа не се случи. По ова, се гласаше доверба на Владата, која доби поддршка од 62 пратеници, колку што брои и мнозинството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски