Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 20 степени.
Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот.