Познатата актерка Анџелина Џоли го обвини Советот за безбедност на Обединетите Нации дека не се бори доволно против силувањето на жените.
– Силувањето е воено оружје и опасност за безбедноста на луѓето. Борбата против сексуалното насилство е и понатаму ваша одговорност – изјави Џоли и нагласи дека потребна е само политичка желба.
-Кога владата тоа не може да го направи тогаш тоа треба да го стори Советот за безбедност на Обединетите Нации – изјави Џоли.