Француската министерка за одбрана, Флоранс Парли, го поздрави изборот на Хрватска на францускиот предлог за модернизација на нејзината флота сo 12 повеќенаменски половни борбени авиони од типот „Рафал“З.
Според Парли, „изборот на авионите значително ќе го зајакне стратешкото партнерство меѓу Франција и Хрватска. Тоа е целосно во согласност со напорите за развој на силна и амбициозна одбранбена Европа.“
Инаку, ова е втор пат една европска земја да ги избере авионите „Рафал“ и вкупно петта земја (Катар, Египет, Индија, Грција, Хрватска) и оваа динамика ја потврдува врвната понуда на Франција во технолошките области, се нагласува од министертсвото.
-Изборот на Хрватска е избор на суверенитет, решително европски. „Рафал“ е исклучително моќен и модерен авион, совршено способен да го заштити хрватското население, територија и интереси. Фактот дека една европска земја ја избира понудата на друга европска земја е силен знак што го надминува симболот. Ги градиме, тула по тула, основите на европската стратешка култура, рече Флоранс Парли.
Овој успех, додаде таа, исто така, е израз на оперативниот кредибилитет на француските воздухопловни сили.
Овој извоз го илустрира зајакнувањето на стратешките врски меѓу Франција и Хрватска и нивната заедничка желба да работат за развој на силна и амбициозна одбранбена Европа. Taа ќе има форма на договор меѓу владите, што може да биде потпишан за неколку месеци, со што ќе се овозможи испорака на првиот „Рафал“ веќе во 2023 година.
Преку својата разноврсност и својот потенцијал за развој, Рафал, француски повеќенаменски борбен авион во оперативна служба во француските сили, и кој ги покажа своите борбени способности, совршено ги задоволува сегашните и идните потреби на хрватските партнери, се нагласува од Париз.
Извозот на воена опрема е дел од француската одбранбена и безбедносна политика. Од витално значење за француската одбранбена индустрија и опремата на француските вооружени сили, тие исто така придонесуваат за стратешката автономија и влијанието на Франција.
Хрватска купува 12 повеќенаменски користени борбени авиони од типот „Рафал“ со стандард Ф3Р што ќе бидат испорачани до 2025 година по цена од 930 милиони евра.