Бачовски: Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 28.168 субјекти исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

– Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако, рече Бачовски.

Од Агенцијата посочуваат дека висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Владата заедно со надлежните институции, потенцираат од АФПЗРР, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

Би можело да ве интересира

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава