Екипата на Венеција по пауза од 20 години повторно ќе игра во Првата италијанска фудбалска лига, откако со гол во судиското продолжение синоќа ја реши во своја корист пресметката против Читадела во финалето од плејофот во Серија Б со вкупен резултат од 2:1.
Венеција влезе во реваншот со предност од 1:0, но Читадела дојде во предност преку Федерико Проја во 25 минута, а десет минути подоцна домаќините останаа со играч помалку поради исклучувањето на Пасквале Мацоки.
Секунди го делеа реваншот од продолженија кога Рикардо Пакалон во 93. минута го израмни резултатот и ја врати Венеција во Серија А за прв пат по сезоната 2001/02.
Нови италијански прволигаши од следната сезона се и екипите на Емполи и Салернитана.