Април со потпросечни температури на воздухот, забележани и врнежи од снег

Од:

Потпросечни температури, врнежи од снег, со максимална измерена 29,8 степени и минимална -9,3 степени се карактеристики за април 2021 година.

Од УХМР информираат дека осум до 25 денови во текот на април биле со максимална темпратура од 15 степени, а потпросечни температури се забележани во Лазарополе.

Просечната месечна температура варирала од 3,8 степени во Лазарополе до 12,6 во Гевгелија. Споредено со многугодишните месечни просечни температури, во април 2021 година тие се пониски за 1,4 степени, а во периодот од 5 до 10 април е забележан продор на студен бран.

Највисоката температура од 29,8 степени Целзиусови се измерена на 30 април во Тетово, најниската од -9,3 степени во Лазарополе.

Најмногу дожд имало во Лазарополе, просечно наврнале 106,4 мм, а најмалку во Штип 20,8 мм. Врнежите биле застапени во текот на целиот месец, претежно од дожд, но и снег во првата декада од месецот. Најмногу дожд на дневна основа е забележан во Лазарополе на 7 април од 19,1 мм.

Врнежите во однос на многугодишниот просек се подпросечни во целата држава, со исклучок на Битола каде има 30мм и се над просекот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски