ВИДЕО: Индиец уапсен зашто сакал неговото милениче „да лета“ со балон

Од:

Индиската полиција уапси „јутјубер“ затоа што му врзал балони со хелиум на своето домашно милениче, за тоа „да лета“.

Гаурав Шарма (32) снимил видео на коешто се гледа како неговото куче е врзано за балоните. Неколку секунди подоцна, некој го прифати кучето на балконот на вториот кат од зградата. Полицијата соопшти дека го уапсила Шарма по жалба против него од организацијата за заштита на животните – „Луѓе за животните“. Шарма вели дека ги почитувал сите безбедносни мерки. Видеото е избришано по негативните реакции.

На видеото можеа да се слушнат и овации поради „спасувањето“ на кучето.

Подоцна, Шарма се извини, објаснуваќи како ги презел „сите безбедносни мерки“ додека го снимал видеото со кучето Долар. Тој вели дека бил под влијание на други јутјубери кои прават слични акробации.

Момчето ги замоли следачите да не градат ставови за него врз основа на ова видео.

Тој исто така вели дека е обожавател на миленичиња и дека го сака кучето како свое дете.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он