Антонио Конте, чие повлекување од Интер беше објавено вчера, најверојатно нема да биде во Серија А следната сезона.
„Calciomercato.com“ пишува дека тренерот и клубот потпишале договор според кој Конте нема да може да води италијанскиот клуб ова лето. Доколку го прекрши овој договор, ќе мора да врати седум милиони евра отштета на Интер.
Да потсетиме, Италијанецот го напушти Интер поради несогласувања со раководството. Претседателот на клубот, Стивен Жанг, има намера да заработи околу 90 милиони евра за продажба на фудбалери, како и да го намали платениот список за 15-20 проценти.