Катар дава пола милијарда долари за да се обнови Газа

Од:

Катарската Влада вети 500 милиони долари за обновата на Појасот Газа по 11-дневната војна меѓу Израел и палестинските екстремисти од движењето Хамас, кое ја контролира оваа територија.

Веста денеска на Твитер ја соопшти шефот на дипломатијата и на енергетските богатсва на оваа заливска земја, Мохамед бин Абдулрахман ал Тани.

„Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа во Палестина за да постигнеме праведно и трајно решение со воспоставување на независна палестинска држава“, напиша катарскиот министер.

Катар веќе даде милиони долари за хуманитарна помош и развој на Појасот Газа во обид да ги поддржи претходните примирја по конфликтот со Израел, потсетуваат американските медиуми.

Регионалниот ривал на Катар, Египет, исто така, соопшти дека ќе обезбеди 500 милиони долари за реконструкција на палестинска територија, јавија израелските медиуми.

САД ветија 37,5 милиони УСД за итна помош на Појасот Газа, заедно со милиони за развојна помош што ќе ги обезбедат подоцна.

Катар со одобрување на Израел им помага на палестинската енклава на медитеранскиот брег, а на почетокот на оваа година веќе вети 360 милиони долари помош.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа