И официјално Лоран Блан е новиот тренер на Пари Сен-Жермен на место досегашниот Карло Анчелоти кој наскоро ќе биде промовиран во Реал Мадрид. Блан потпиша двегодишен договор со ПСЖ.
Од него раководството на парискиот клуб очекува одбрана на шампионскиот трофеј во Лига 1 и успешен настап во Лигата на шампионите.
47-годишниот Блан веќе има една титула во францускиот шампионот предводејќи го Бордо во 2009 година, а две години (2010-2012) беше селктор на француската репрезентација.