Споделување вакцини со Македонија ни е приоритет, вели бугарскиот претседател Радев

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Македонија и регионот.

-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Северна Македонија на врвот, изјави Радев.

Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за Северна Македонија, јавија вчера бугарските медиуми. Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.

Денешниот и последен ден од ЕУ самитот ќе биде посветен на борбата против Ковид-19, вакцинацијата и сертификатите кои треба да овозможат слободно движење за граѓаните на ЕУ пред почетокот на туристичката сезона.

Радев предупреди дека овие сертификати не треба да создадат нови бариери, обврски и дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски

ЕУ подготвува санкции за Бугарија

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор