ВИДЕО: Двајца Израелци ранети со нож во Ерусалим, полицијата го уби напаѓачот

Од:

Еден израелски војник и еден цивил денеска се ранети во напад со нож во близина на централната полициска станица во Ерусалим, а напаѓачот, за кого беше јавено дека е млад Арап, е убиен од полицијата, пренесуваат медиумите.

Полицијата официјално не соопшти дека тој бил убиен, но снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицајци го пренесуваат неговото тело.

„Околу 1 часот и 30 минути, напаѓачот дошол со градската железница, го извадил ножот и со него повредил двајца луѓе на местото. Полицајци кои се нашле во близина реагирале веднаш, застрелувајќи го напаѓачот и неутрализирајќи го,“ велат од полицијата, без да појаснат дали ова значи дека тој е убиен или ранет.

Израелското министерство за одбрана го оквалификува нападот како терористички.

Медицинските служби соопштија дека и жртвите, а и напаѓачот, биле млади луѓе на возраст од околу 20 години. Ранетите се пренесени во блиската болница Хадаса, во која им е укажана помош.

Непријателствата меѓу Израелците и Палестинците повторно ескалираа во изминатите две недели и се претворија во вистинска војна – Израел жестоко ја бомбардираше Газа, убивајќи неколку стотици луѓе, од кои над 60 се деца, додека милитантната организација Хамас ги ракетираше градовите ширум Израел, каде официјално има 12 загинати.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира