Борел го повика белорускиот амбасадор во ЕУ поради Пратасевич

Од:

Амбасадорот на Белорусија при ЕУ, Александр Михневич, е повикан во седиштето на европската дипломатска служба во знак на протест поради приведувањето на опозиционерот Роман Пратасевич.

На барање на шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, белорускиот амбасадор денеска се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Стефано Санино. ЕУ на амбасадорот му пренела дека приведувањето на Пратесевич е неприфатливо, како и присилното слетување на авионот во Минск каде се наоѓал белорускиот опозиционер.

-Амбасадорот Михневич беше информиран за острата осуда на институциите на ЕУ и земјите членки за присилниот чин со кој белоруските власти ја загрозија безбедноста на патниците и екипажот, стои во соопштението на европската дипломатска служба.

ЕУ смета дека ова е уште еден обид на Минск да ги замолчи опозициските гласови и побара веднаш да биде ослободен Пратасевич.

Темата ќе биде на дневниот ред на шефовите на држави и влади кои се состануваат вечерва и утре во Брисел на вонреден самит.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел