ВИДЕО: Охрид преполн, се бара маса повеќе во кафулињата, маските под брада

Од:

Продолжениот викенд го преполни Охрид. Во кафулињата и рестораните се бара маса повеќе на терасите, се прават журки на бродовите, а на растојание и маски ретко кој внимава.

„Нашите се ’тепаат’ за маса во кафулињата, а странците се пазарат за поевтина тура со брод“, велат охриѓани.

Најголем дел од посетителите шетаат и разгледуваат низ бутиците. Пред некои од нив, се чека ред за влез. Единствено тогаш, се носат маски, без исклучоци.

Во метежот има и полиција која предупредува и казнува за непочитување на мерките, но сепак најголем дел од шетачите се или без маска или маската ја носат под брадата. Иако ретко, но има и посетители кои внимаваат и на растојание и не ги симнуваат маските додека шетаат.

До 1 јуни остануваат на сила сегашните мерки за заштита од Ковид – 19 кои не дозволуваат групирање, маските се задолжителни, а од полноќ до четири часот има полициски час и движењето е забрането.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице