ВИДЕО: Силен ветер и замрзнат дожд убија 21 тркач на ултрамаратон во Кина

Од:

21 лице загина поради екстремно лоши временски услови за време на ултрамаратонска трка кој се одржуваше во северо-западна Кина.

Силен ветер и замрзнат дожд ги зафатија учесниците на трката од 100 километри во туристичката област „Yellow River Stone Forest“ објавија државните медиуми.

На трката учествуваа 172 натпреварувачи. Поради лошото време дел од нив исчезнаа по што натпреварувањето запре и спасувачките екипи веднаш почнаа потрага. Телата на починатите беа пронајдени, но во меѓувреме времето повторно се влошило поради што се потрагата била исклучително отежната.

Официјалните лица потврдија дека останатите 151 натпреварувач се безбедни. Осуммина од нив иимаат повреди. Во потрагата беа вклучени 1.200 спасувачи.

Локалните власти најавија истрага за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Водата во Куманово не е за пиење, запрена е во најголем дел од градот

Катерина Ѓуровски

Поплави и оштетени објекти, патишта и земјоделски површини од невремето што ја зафати земјава

Катерина Ѓуровски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате