Атлетико Мадрид е нов првак на Шпанија откако оствари триумф (1-2) на гостувањето против Валјадолид и ја задржа предноста од два бода во однос на Реал Мадрид. Тимот на Диего Симеоне со пресврт славеше на ова гостување. Валјадолид поведе со голот на Оскар Плано во 18.минута. но Атлетико Мадрид направи пресврт во вториот дел. Анхел Кореа израмни во 57.минута, а десет минути подоцна Луис Суарез донесе победа.
„Кралскиот клуб“ исто така оствари триумф (2-1) со пресврт против Вилјареал. „Подморницата“ поведе со голот на Јереми Пино во 20.минута, израмни Карим Бензема во 87.минута, а во судиското продолжение Лука Модриќ донесе победа.
Барселона славеше со 0-1 на гости кај Еибар со голот на Антоан Гризман во 81.минута.
Бетис направи голем пресврт и победи со 2-3 на гости во Виго против Селта и заврши на шестата позиција која води во групите од Лигата на Европа.
Од лигата испаднаа Еибар, Валјадолид и Хуеска.