Франција ќе донира 30 милиони вакцини против Ковид-19 во програмата Ковакс

Од:

До крајот на годината, Франција ќе донира околу 30 милиони дози вакцини против коронавирусот од различни производители на механизмот Ковакс, изјави денеска претседателот на таа држава Емануел Макрон.

„Ние немаме право да чуваме вакцини додека има недостиг во некои земји. Не е убаво да се започне со вакцинирање деца, а во некои земји не започна за постари и поранливи возрасни групи”, рече Макрон во видео обраќање до Самитот за здравство на Групата од 20 земји во развој, што се одржува во Рим.

Макрон доаде дека Франција, како дел од европската иницијатива, „ќе донира најмалку 30 милиони дози различни вакцини“ до крајот на годината, како дел од мултилатерализмот во вакцинацијата.

Механизмот Ковакс е воспоставен од Светската здравствена организација така што вакцините да бидат рамномерно распоредени во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција