ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа, бара политичко решение

Од:

Европската Унија го поздравува договорот за прекин на огнот во Газа после единаесет дена интензивно насилство, јави дописничката на МИА од Брисел.

За Европската Унија само политичко решение може да доведе до траен мир во регионот.

„Ужаснати сме и тажни за изгубените животи во последните 11 денови, како што ЕУ секогаш повторува, ситуацијата во Газа одамна е неодржлива. Само политичко решение ќе донесе одржлив мир и ќе стави крај еднаш засекогаш на палестинско-израелскиот конфликт. Враќањето на политичкиот хоризонт за решение со две држави сега е од најголема важност“, се наведува во реакцијата на дипломатската служба на ЕУ по најавата дека двете страни постигнаа договор за прекин на огнот во и околу Газа.

Брисел им се заблагодари на земјите и организациите кои придонесоа кон договорот за прекин на огнот: САД, ОН, Катар и Египет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток