А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонците останаа без пратеник во албанскиот парламент

by А1он24/06/2013 - 17:1024/06/2013 - 17:23141
Share0

Иако во Албанија сеуште трае пребројувањето на гласачките ливчиња, сепак од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), потврдија дека не успеале да обезбедат пратенички мандат.

Следете a1on на Instagram Instagram

Најсериозниот кандидат за пратеник од МАЕИ, во Изброната единица Корча, Валентина Нестро не ги доби потребните 3.500 гласови, колку што и беа потребни за да влезе во албанскиот законодавен дом, како прва Македонка предложена од македонската партија.

Според партискиот лидер Едмонд Темелко, кој ја потврди веста, сепак на овие избори, споредено со претходните, од 2009 година, бројот на гласови кои ги добила партијата  во местата каде што живеат поголем број Македонци се неколкупати поголеми.

Во меѓувреме опозициската социјалистичка партија на Еди Рама го повика актуелниот премиер и лидер на демократите, Сали Бериша  да го признае поразот и да се повлече од премиерската функција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од досега преброените гласачки ливчиња, коалицијата „Алијаса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Рама има освоено 51 пратеничко место, 47 социјалистите и четири Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета. Коалицијата „Алијаса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од демократите на Бериша, во која беше и МАЕИ, има освоено 36 пратенички места од нив 33 демократите и три партијата на Чамите, на Шпетим Идризи.

albanija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Горан Наумовски05/09/2026 - 08:01

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 09:11

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он27/08/2026 - 15:10

Силен земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:23

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:54

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски12/08/2026 - 19:1412/08/2026 - 19:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео