ВИДЕО: Израел и Хамас продолжија со жестоки напади, никој не ги слуша повиците за прекин на огнот

Од:

Ракети истрелани од Појасот Газа и од Либан денеска целеа кон градовите Хаифа и Акра на северот на Израел, каде беа активирани сирените за воздушна опасност, а жителите брзаа кон засолништата.

Израелската артилерија, во меѓувреме, продолжи со систематско и интензивно бомбардирање на цели во Појасот Газа, кое според Израел е легитимно гаѓање воени објекти на Хамас, а според Палестинците – терористичко и нехумано изживување врз цивилни цели.

И двете страни го поздравија вчерашниот повик на американскиот претседател Џо Бајден за итен прекин на огнот, но на теренот практично го игнорираа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на средба со странски дипломати изјавил дека неговата држава се обидува да постигне примирје во борбите со Хамас, но ако не се дојде до договор, ќе разгледа „други опции“.

Насилствата избувнаа по упадот на израелската војска во џамијата Ал-Акса во Ерусалим на почетокот на месецов и се проширија врз палестинските територии, но и во сите израелски средини, вклучувајќи ги и оние со мешано еврејско и арапско население. Во неколку градови и денеска имаше судири на полицијата со демонстрантите-Арапи, но и со групи Евреи кои оштетувале имоти на Арапи на југот на Израел.

Во досегашните израелски напади врз Газа загинаа најмалку 215 луѓе, од кои над 60 се деца. Ракетните напади на Хамас убија 12 луѓе во Израел, меѓу кои и две деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“