Истрага против италијански државјанин фатен со марихуана на скопскиот аеродром

Од:

Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

– На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло, посочуваат од Министерство.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник