„Ќе се придржуваме кон добрата соработка меѓу двете држави, ние соработуваме и во областа на спречување и борба против организиран криминал, Министерството за внатрешни работи ги заврши своите обврски, останува министрите за правда да ја завршат работата околу екстадицијата, јас неможам да зборувам во нивно име“.
Ова е одговорот на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи на прашањето до каде е постапката за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, првообвинети за убиството кај Смилковското езеро.
Реџепи и неговата македонска колешка Гордана Јанкуловска денеска на косовскиот граничен премин Глобочица кај Јажинце потпишаа договор за отворање нов премин кај кумановско Белановце.