Tело пронајдено во одводен канал во Гази Баба

Од:

Тројца млади скопјани вчераутро наишле на безживотно тело во одводен канал во населбата Гази Баба, соопшти полицијата.

„На 17.05.2021 околу 07.20 часот во СВР Скопје, С.Д.(21) од Скопје пријавил дека околу 05.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил заедно со А.Н. и Ф.Н., забележале безживотно тело во водите на сепарацијата. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги насилство, а телото било извадено и предадено на Судска медицина за понатамошна постапка“, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он