Здружението на лекари во Токио бара откажување на Олимписките игри

Од:

Здружението на лекари во Токио повика на откажување на Олимписките игри на околу два месеци пред нивниот почеток во јапонската престолнина поради пандемијата на коронавирусот, наведува ДПА.

Во писмо испратено до јапонскиот премиер Јошихиде Суга, меѓудругите, групата од околу 6.000 лекари побара од владата и организаторите да се консултираат со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за откажување на Игрите.

„Откажувањето на настанот што има потенцијал да го зголеми бројот на инфекции и смртни случаи е вистинскиот избор“, наведуваат лекарите во писмото.

И локалните организатори и ИОК остануваат упорни дека Игрите, одложени за една година поради пандемијата, можат да почнат според планираното на 23 јули.

Би можело да ве интересира

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио

Парадата на спортисти започна на свеченото затворање на Олимпијадата во Токио

А1он

Македонскиот борач Нуров остана без олимписки медал

Николов и Начевски ќе го судат ракометното финале на Олимписките игри

Катерина Ѓуровски