Собранието ја усвои оставката на Владе Богдановски од член во Судскиот совет

Од:

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 41 седница ја усвои оставката на Владе Богдановски на функцијата член на Судскиот совет заклучно со 31 мај, годинава.

Како што посочи претседателот на Собранието Талат Џафери, Богдановски се откажал од можноста да ја образложи оставката.

Во рамки на седницата при утврдување на дневниот ред беше усвоено барањето на Владата за носење по скратена постапка на Законот за изменување и дополнување на Законот за ваботување и работа на странци и даден на натамошна постапка.

Според заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, поради состојбата со пандемијата на Ковид-19 ги принуди работодавачлите да размислуват за користење на работниот потенцијакл и знаење на работници од далечина со што во одрден број на работници им беше дозволено работење од дома. Ваквиот тренд на работа на странците кои во целост го имаат регулирано своето работење во РС Македонија согласно со домашното законодавство им создаде проблем кога не по своја вина (поради пандемијата) беа заглавени надвор од државата на период подолг од овој предвиден со одредбите од Законот за вработување и работа на странци.

-Измените се засноваат на две клучни работи – првата е во тоа што со измените се врши техничко доуредување со кое се дополнуваат одредени правни празнини, а со цел законот да биде номотехнички јасен и концизен за употреба. Втората е во делот на можноста за создавање правна рамка за заштита на домашниот пазар на трудот, во случај кога има времена потреба на ангажирање стручна и работна сила за потребите на бизнисот. Оваа работна сила по претходна неможност за обезбедувањее на домашниот пазар на трудот, може да се обезбеди од странство за реализирање на краткотрајни услуги во текот на една календарска година, образложи заменик министерот Хусеин.

По скратена постапка ќе се носи и Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи во облазложението истакна дека се предлагат измени во делот на одредбите со кои се предвидува анулирање на општите акти подготвени и усвоени согласно Законот за урбанистичко планирање, полесни постапки за спроведување на урбанистички планови и поголема флексибилност во улогата на улчесниците во овие постапки.

На дневниот ред на седницата се 50-тина закони како и интерпелациите на министерот за правда Бојан Маричиќ и на заменик на претседателот на Владата за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски поднесени од опозицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година