Бочварски: Законот за легализација на дивоградбите може да реши 50.000 проблеми

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините. Точната бројка ќе се знае доколку законот повторно биде донесен и откако ќе се поднесат барања за легализација. На располагање сме, вели Бочварски, за подобрување на законот.

-Општините имаат најдобра анализа, тие имаат ингеренции во делот на урбанизацијата и планирањето во своите матични општини.Ние разговаравме со повеќе од општините во дел на тоа какви сознанија имаат во аспектот на досега нерешени и одбиени предмети по првиот закон за бесправно изградени објекти и секкао некаква нивна проценка. Затоа реков за општините од среден тип генерално бројките се движат околу две до три илјади бесправно изградени објекти со коишто располагаат. Секако дека тоа е некаква состојба на бесправно изградени објкети, преку 50.000 во државата во моментот, а досега запишани во Катастарот по првиот закон се околу 260.000 објекти. Доколку се донесе ваков закон ќе видиме колку барања ќе бидат поднесени и тоа ќе биде најточниот аргумент и доказ колку се тие објекти на број, рече Бочварски.

Законот, истакна министерот, може да реши 50 000 проблеми.

Во државата постојат одредени проблеми во секоја сфера, па и во оваа и тука владата е најповикана. Овој закон е предложен во 2019 година во Собранието и оттогаш стои во одредена собраниска процедура. Разговарав со опозицијата уште пред неколку недели на оваа тема така што посакував овој закон да се донесе со поголемо мнозинство, зошто се работи за законско решение кое на некој начин навлегува во зоната на одредени други закони. Но, е закон кој може да реши 50 000 проблеми. Ако не се донесе ваков закон, е исто варијанта, но тогаш треба да се мисли што ќе се прави со тие објекти, вели министерот. Стоиме на располагање за подобрување на ова законско решение, бидејќи спротивното од ова, значи рушење на голем број станбени објекти, рече Бочварски, потенцирајќи дека е потребна поддршка од стручната фела за наоѓање решение за овој проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО