Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев имаше уште едно добро издание за својот тим Џенова. „Гранде Пандев“ на денешниот меч со Аталанта во игра влезе во второто полувреме при водство на гостите со 3:0, постигна гол од пенал и направи асистенција, но тоа не беше доволно да се спречи пораз со 3:4 на Џенова.
Пандев сега има 101 гол во Серија А.
Џенова по 37 кола има 39 бода и обезбеден опстанок во најквалитетната фудбалска лига на Италија.