Во 71-та година од животот, денеска почина Наќе Стојановски, поранешен долгогодишен пратеник од редовите на Социјалдемократскиот сојуз и вршител на повеќе државни функции.
Веста за смртта на Стојановски ја објави Радмила Шеќеринска, која напиша: „Ќе ги паметиме неговата истрајност, смисол за хумор, скромноста и пред се другарството. Почивај во мир Наќе. Сочувство до најблиските!“
Наќе Стојановски е роден во крушевското село Растојца во 1950 година. Завршил правен факултет во Скопје, а со политика почнал да се занимава уште во младоста. Беше истакнат член на СДСМ, а покрај трите пратенички мандати, ја извршуваше и функцијата директор на Централниот регистар.