Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц ги повика раководствата на социјалните мрежи Фејсбук и ТикТок да се борат против пропагандата и да ги отстранат содржините кои шират говор на омраза, објави „Тајмс оф Израел“.
Според Ганц, ваквите мерки ќе помогнат да се спречи насилството, кое намерно се пропагира и се разгорува преку социјалните мрежи од екстремистички елементи кои сакаат да му наштетат на Израел.
– Доживуваме социјална криза и ја чекаме вашата помош, истакна израелскиот министер за време на состанокот со претставници на Фејсбук и ТикТок.
На средбата е изразено сочувство до семејствата на убиените во гранатирањето од Појасот Газа и „ветија дека брзо и ефикасно ќе се борат против поттикнувачите на насилство“.