Застрашувачки снимки: Урната највисоката зграда во Газа, Израелците пред рекетирањето ги предупредиле станарите

Од:

Израелски борбени авиони вчера ја урнаа кулата „Ал Шурук“ во Газа, откако повеќепати ги предупредија жителите да излезат.

Според странските медиуми, станува збор за најголемата висококатница во Газа, а израелските медиуми потсетуваат дека тоа е третата висока зграда што Израел ја сруши од понеделникот вечерта, кога дојде до судир со Хамас, кој владее со појасот Газа.

Израел тврди дека канцелариите на командантите на палестинските екстремистички организации се наоѓаат во такви згради.

Медиумите во Газа наведоа дека на чуварот на зградата му било кажано да ги евакуира станарите и дека има и други предупредувања за претстојниот напад.

Израел тактиката ја нарекува „тропање на покрив“ и користи неексплозивни проектили што ги фрла кон зградата за да ги предупреди станарите да ја напуштат пред да се фрлат бомби за да се уништи.

Уривањето на таа зграда претставува нова ескалација на насилството, имајќи предвид дека вчера вечер по уривањето на кулата започна палестинскиот ракетен напад врз централен Израел, вклучително и областа на Тел Авив.

Десетици луѓе ги загубија своите животи во судирите што траат неколку дена. Меѓу настраданите има и жени и деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“