Израел: Засега немаме план за прекин на огнот

Од:

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави денеска дека воените операции во Појасот Газа ќе продолжат онолку време колку што е потребно.

– Израел не се подготвува за прекин на огнот. Моментно нема датум за завршување на операциите, истакна Ганц.

Во текот на посетата на градот Ашкелон, тој нагласи дека Израел нема да ги слуша моралните предавања против својата должност да ги заштити израелските граѓани.

Истовремено, израелската Служба за безбедност Шин Бет идентификувала четворица највисоки команданти на движењето Хамас кои загинале денеска во заедничката операција со израелските одбранбени сили.

Шин Бет нагласи и дека, покрај тоа, се убиени уште десет оперативци од одделот на Хамас за производство, истражување и развој на оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“