Израел ликвидираше двајца разузнавачи на Хамас

Од:

Израелската војска соопшти дека елиминирала двајца од клучните разузнавачи на радикалното палестинско движење Хамас.

„Со помош на нашите авиони-ловци, како и на безбедносните служби, ги елиминиравме клучните фигури во разузнавањето на Хамас: Хасан Кауџи, шеф на одделот за воени разузнавања на Хамас и неговиот заменик, Ваил Ису, шеф на одделот за контраразузнавање“, се вели во во официјалното соопштение на израелската армија.

Во последните денови ескалираше палестинско-израелскиот конфликт. Постои интензивна размена на ракетни напади меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа. Тензиите се зголемија откако немирите во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим започнаа на почетокот на мај, при што беа повредени повеќе од 700 лица.

Судирите меѓу Палестинците и безбедносните сили беа предизвикани од одлуката на израелскиот суд да одземе куќи во Шеик Џара од арапските семејства кои живеат таму повеќе од половина век во корист на еврејските доселеници со образложение дека куќите им припаѓале пред 1948 година.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник