Скопјани украле платежни картички, па потрошиле 1.500 евра низ Струмица

Од:

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица.

На овој начин, осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он