Американскиот претседател Барак Обама, најави дека во вторник ќе го претстави националниот план за климатските промени и мерките за намалување на загаденоста на воздухот.
Обама вели дека САД треба да ги предводат останатите држави во подготовки за соочување со предизвиците кои ги носат климатските промени.
Американскиот претседател планот ќе го презентира во Универзитетот Џорџтаун на 25-ти јуни, ден пред заминувањето на еднонеделната турнеја низ Африка.
-Не посоти ниту еден чекор кој би можел да го пренасочи ефектот на климатските промени, но за светот кој ќе им го оставиме на нашите деца, мораме да направиме се што е во наша можност-изјави тој.
Елена Георгиевска